Ким Кардашиан и Кање Вест повеќе не се трудат да ја сокријат својата врска. Парот бил фотографиран во одлично расположение на улиците во Њујорк. Насмеани и одлично расположени изгледале како потполно да уживаат во моментот кој најпосле им се случил, а тоа е љубовта. Ким во Њујорк отпатувала со семејството поради бизнис планови. Со неа пристигнале сестрата Клое, мајката, братот Роберт и блискиот пријател Скот Дисик.
По се изгледа Ким го користи секој момент да биде со своето ново момче. Но, очигледно после бракот со Крис, убавицата сепак е повнимателна во своите одлуки. Имено, може да се забележи како со Вест се гледа од време на време. Не се преселила веднаш во неговиот дом во Њујорк, туку одлучила да оди со многу побавно темпо. По се изгледа дека нешто сепак научила од претходната врска.