Американската старлета и познатиот рапер не се разделувале еден од друг на забавата која ја организирал музичарот Пи Диди во Кан. Тие цело време пред насобраните гости разменувале нежни бакнежи.

Ким Кардашиан во Кан стигнала на почетокот на седмицава, каде Вест го претставил својот краток филм „Cruel Summer“. Таа секој момент го минувала со своето момче и изјавила дека прв пат е во Кан и навистина уживала.