Светската старлета и познатиот рапер ги продаваат своите вили во Лос Анџелес, бидејчи планираат да започнат заеднички живот. Во нивната љубовна приказна се е во ред. Парот е во врска три месеци, планираат заедничко снимање на реално шоу во кое ќе зборуваат за својата љубов, а и имаат намера да почнат да живеат заедно.
И Ким и Кање неодамна своите вили ги ставиле на продажба, а како што вели добро упатен извор, планираат наскоро да изнајмат свое љубовно гнездо. Изворот открил дека се оди многу брзо, и доколку продолжат вака заедничкиот живот се само прашање на време. Немаат намера да купат куќа, туку само да изнајмат додека не одлучат да засноваат семејство.