Ѕвездата Ким Кардашиан се обидува на сите начини да му докаже на своето момче Кање Вест дека ќе биде идеална сопруга за него. Како што пренеле медиумите, старлетата готви за својот партнер, ги припрема неговите алишта и секогаш е покрај него кога ќе му затреба. Извор близок на парот рекол дека таа редовно се фотографира со нивниот заеднички миленик, мачката Мерси, а потоа фотографиите му ги испраќа на Кање.

Изворот додал дека му ја покажува својата љубов и знае дека тој тоа умее да го цени. Оние кои ја познаваат веруваат дека таа може да биде добра сопруга. Неодамна изјавила дека нејзиното момче ја замолило да ги намали работните обврски, бидејќи пред врската со него таа била опседната со кариерата. Ким се сложува со неговата идеја и самата сакала повеќе време за својот приватен живот.