Освен што е модел и актерка, Ким Кардашиан одлучила да стане и пејачка. Според американските медиуми, снимањето на албумот веќе започнало. Нејзините пејачки способности биле забележани минатата седмица.


Извори блиски на Ким тврдат дека таа има добар глас. За да биде сигурна дека целиот проект околу снимањето на нејзиниот дебитантски албум ќе мине забележано, Ким соработува со познатото студио “The Dream”. Тоа е истото студио кое е заслужно за успесите на најголемите хитови на Ријана и Бионсе.