Ким Кардашиан и Крис Хемфрис, кои наскоро ќе застанат пред олтарот, одлучиле да го одложат медениот месец за следната година. Риалити ѕвездата и кошаркарот ќе се венчаат оваа седмица на гала церемонија на која ќе се соберат голем број славни личности, но нивниот меден месец ќе мора да почека.
Причината поради која славниот пар одлучил да го одложи медениот месец се работните обврски на Ким. Меѓутоа, младоженецот не бил баш задоволен од фактот што Ким Кардашиан ги ставила своите работни ангажмани пред нивните заеднички планови.