Ким Кардашиан е една од најголемите звезди на реалните шоуа во САД, има неколку интернационални договори кои и носат големи приходи, свој парфем и е косопственичка на три бутици со облека. И покрај тоа, Ким одлучила да заплови и во пејачките води.
Во јавноста бил објавен првиот нејзин сингл ‘Jam ( I Turn It Up)’. За време на снимањето на песната соработувала со музичарот кој соработува со звезди како што се Ријана, Бијонсе и Кени Вест. Таа изјавила дека песната е одлична за танцување и дека била многу нервозна како ќе биде прифатена од јавноста.