Ким Кардашиан го изнајми ни помалку ни повеќе туку целиот Стејплс Центар во Лос Анџелес како нејзиниот сопруг Кање Вест би играл за роденден со НБА ѕвездите. За прославата на 38. роденден на својот сопруг бујната Ким приредила неверојатен подарок. Воопшто не штедела како би развеселила Кање. Како што објавуваат медиумите, искеширала 110 илјади долари за изнајмување на салата во која собира 20 илјади лица, како Кање би можел да игра кошарка со НБА кошаркарите.
Освен членовите на семејството Кардашиан-Џенер, прославата не ја пропушија ниту Џастин Бибер и Криси Тиген, а ангажирани биле и навивачки. Посебен гостин бил Џон Леџенд кој на славеникот му ја отпеал ‘Happy Birthday’. Се разбира, Ким за се своите фанови ги извести поставувајќи фотографии на социјалните мрежи.