Ким Кардашиан ги открила речиси сите пикантерии од својот живот, а сега со јавноста ја поделила и веста дека редовно го депилира челото. Старлетата која има 30 години открила дека до пред две години на челото имала ситни влакненца кои повремено ги отстранувала со восок, но подоцна одлучила тоа да го стори со ласер.


Изјавила дека доколку ги погледнете нејзините фотографии од пред три години ќе видите дека има шест сантиметри млада коса на челото. Додала дека тие влакненца не можела да ги скроти на ниту еден начин, па одлучила да ги депилира. Исто така објавила дека од својата дванаесетта година редовно посетува козметичар.