Старлетата и риалити ѕвезда Ким Кардашиан и нејзиниот сопруг Кање Вест го чекаат своето второ дете. Светските медиуми пишуваат дека во телевизиското шоу “Keeping Up with the Kardashians“ во неделата била објавена кратка сцена во која е прикажано како Ким добива потврда од лекарот дека е бремена.

 

Парот ја има ќерката Норт Вест која на 15 јуни ќе наполни две години. После раѓањето на малата Норт Вест се воспостави дека Ким тешко повторно ќе остане бремена и морала да се подлегне на хируршки зафат на матката. Парот долго се обидуваше да добие второ дете па дури оделе и на вонтелесно оплодување. Желбата да станат родители по втор пат наскоро сепат ќе им се исполни.