Старлетата Ким Кардашиан која се разведува од сопругот Крис Хемфрис со кој била во брак само 72 дена, се нашла на мета на наводни смртни закани поради што го засилила своето лично обезбедување. Ким Кардашиан, која моментално го снима своето реално шоу како и филмот „Брачна советничка“, почнала да прима сериозни смртни закани, па продуцентите овој проблем го сватиле сериозно и најмиле дополнително обезбедување.
И понатаму непознатото лице продолжувало да се заканува дека ќе ја киднапира или убие старлетата, па вооружените телохранители започнале да ја следат на секој чекор. Дополнителна заштита добила и нејзината мајка Крис, која исто така присуствува на снимањата, а сеуште не е познато кој е одговорен за наводните закани.