Кање Вест ги изненади своите фанови кога синоќа објави дека должи 53 милиони долари. Славниот рапер ова го објави на Твитер и ги замоли своите обожаватели да се молат за него. Кање овие денови е на удар на критиките бидејќи во новата песна ја извреѓа младата колешка Тејлор Свифт. Поради тоа наиде на критики не само од нејзините фанови, туку и од бројни славни личности кои застанаа во одбрана на младата пејачка.

 

Кање за своите финансиски проблеми зборуваше и минатата година, кога откри дека се задолжил 16 милиони долари за да лансира своја модна линија. Познато е дека тој и неговата сопруга Ким Кардашиан веќе неколку години живеат во куќата на нејзината мајка, додека чекаат да заврши реновирањето на нивната вила од 20 милиоди долари.