Некогаш статусен симбол бил автомобилот кој го возите, скапоцениот камен на вереничкиот прстен или скапите чевли. Благодарение на Ким Кардашиан и Кање Вест, тоа место сега го зазела тоалетната школка. Славниот пар потрошил дури половина милион фунти за купување четири примероци од овој неизоставен дел од секој тоалет, со тоа што нивните биле обложени со злато.

Школките ги купуле додека купувале мебел за својот нов дом, луксузната вила на Бел Ер. Исто така нарачале и шест кревети, од кои секој чинел 114 илјади фунти, и фрижидер украсен со Сваровски кристали. Извор близок на парот рекол дека ентериерот веројатно ќе чини двојно повеќе од куќата. Планирале да потрошат еден милион фунти само на беЗбедносен систем.