Се чини дека славните парови конечно се смириле. После гласините дека Бијонсе не може да ја поднесе Ким Кардашиан и недоаѓањето на славниот пар Картер на венчавката на Ким и Кање, се чини дека нештата конечно доаѓаат на свое место. Имено, славните парови се видени на двоен состанок во Лос Анџелес. Иако не постојат никакви конкретни докази дека таа средба се случила, неколку сведоци ја потврдиле приказната, поради што сите помислиле дека девојките одлучиледа си дадат уште една шасна.
Наводно Бијонсе била таа која мислела дека дружењето си Ким ќе и донесе негативен публицитет, поради што нејзиниот сопруг Џеј Зи го одбил Кање да му биде кум на венчавката и воопшто не се појавил на неа. Можеби девојките зборувале за тоа како обете работат на второ дете, а се шушка дека славната Бијонсе веќе е бремена. После фотографиите на Инстаграм, со кои ги поттикнала гласините, пред неколку дена била фотографирана на романична вечера со сопругот на која носела широк фустан, што е многу чудно за неа, бидејќи сака да го истакне своето тело. Официјална потврда сеуште нема.