Ким и Кање одлучиле по повод вториот роденден на нивната ќерка на еден ден да го изнајмат Дизниленд со цела екипа. Тоа значи дека тој ден, освен гостите на роденденот, никој нема да може да влезе во славниот Дизниленд. Кога родителите за вториот роденден ви организираат таква забава, тешко може да замислите што ќе ви спремат за осумнаесеттиот.
Се поставува прашањето како следната година ќе го надминат овој подарок. Едно е сигурно, Норт ќе ужива заедно со своите пријателчиња. Некои веќе се шегуваат на сметка на претерувањето па на интернет се појавија нагаѓања дали за следниот роденден ќе ја изнајмат цела Калифорнија или пак можеби Европа.