Ким Кардашиан и Кање Вест морале да ги откажат плановите за годишнината од бракот, на 24 мај, да ја минат на сафари, па одлучиле тој важен датум да го прослават на поинаков начин. Како што пренесуваат медиумите, Париз е градот во кој Ким и Кање се вљубиле, па господин Вест планира во тој град да ја прослави годишнината од бракот, но и обнова на заветите, и тоа на најпознатата локација.
Тој веќе резервирал ресторан на Ајфеловата кула, каде во присуство на најблиските ќе ги обнови брачните завети после појавувањето на Канскиот фестивал. Исто така камерите на шоуто „Keeping up with the Kardashians“ ќе го проследат овој интимен момент, па гледачите ќе можат да видат како господин и госпоѓа Вест ја обележуваат првата годишнина од бракот.