Реланата ѕвезда Ким Кардашиан и нејзиното момче, раперот Кање Вест, чекаат девојче, а на овие вести посебно се израдувал идниот татко. Според извори блиски на парот кои информацијата за полот на бебето ја откриле за списанието “USWeekly”, на Кање му се исполнила желбата бидејќи отсекогаш сонувал за девојче.
Раперот бил воодушевен што неговото прво дете со Ким ќе биде девојче, од кое веќе планира да направи модна икона. Интересно е тоа што тој веќе нарачал гардероба за својата ќерка која на свет би требало да дојде на лето.