Раперот Кање Вест и неговата партнерка, старлетата Ким Кардашиан, очекуваат девојче, пренеле американските медиуми. Полот на детето бил откриен во реалното шоу “Keeping up with the Kardashians”.
Парот до пред снимањето на епизодата од шоуто го криел полот на детето, дури и купувале бела облека како луѓето не би претпоставиле дали Ким носи момче или девојче. Првото дете на овој супер славен пар би требало да дојде на свет ова лето.