Оскаровката Ким Бесинџер одлучила да се врати на своите манекенски корени и потпишала договор со модната агенција IMG Моделс, каде ќе се најде рамо до рамо со својата ќерка. Бесинџер била откриена на 16 години во родниот град, и по кратко премислување, решила целосно да се посвети на оваа професија. Во 1976 година сватила дека манекенската кариера повеќе не е така привлечна, па се преселила во Лос Анџелес каде започнала да посетува часови по глума.
Претставниците на агенцијата, со која славната Ким потпишала договор, се воодушевени од нејзиното враќање во манекенските води. Претставниците изјавиле дека се горди на соработката со така призната и ценета актерка како што е Ким. Според нив, таа има неверојатна харизма и сјајно изгледа на екранот, што им отвара ново поле за креативна соработка ширум светот.