Кинеските таксисти се жалат затоа што мораат да чекаат во километарски редици за да наточат поевтино гориво. Таксистите од Чонгкинг користат или бензин или природен плин кој е многу поевтин. Меѓутоа, поради снижувањето на температурите дошло до недостаток, а луѓето користат повеќе плин за греење на домовите.
Портпаролот на компанијата која е најголем снабдувач со природен плин изјавил дека прават се за да го зголемат производството. Дотогаш таксистите мораат стрпливо да чекаат во ред.