Секое лето иста слика во викендите. Колони возила лазаат за да стигнат од плажите до Охрид. Сообраќајната полиција го регулираше сообраќајот на семафорите, но очигледно дека улиците во Охрид но и сообраќајницата кон плажите се претесни да ги примат сите автомобили. На околу 30 000 автомобили на охриѓани во викендите во шпицот на сезоната се придодаваат најмалку уште толку. Северната трансферзала, како и источната обиколница кои се највуваат со годинеи сеуште не се изградени, а далеку од реализација е и магистралниот пат Охрид Св. Наум. Се додека тоа не се направи сликата на патиштата во лето во Охрид ќе останува непроменета.


Километарски колони од плажите кон Охрид

Ohridnews