Ракометарите на Барселона и Кил, ќе ги одмерат силите во финалето на завршниот турнир во Лигата на Шампиони, кој денеска и утре се одржува во „Ланксес Арената“ во Келн.

Барселона во полуфиналниот двобој го совлада францускиот дрим тим Пари Сент Жермен со 37-32, додека Кил после голема борба подобар беше од Веспрем со 36-35.

Каталонците од почетокот до крајот на мечот го контролираа резултатот во дуелот со „светците“. Пулените на Чави Пасквал не ги повторија ланските грешки, кога прокоцкаа седум голови позитива со Вардар и останаа без пласман во финалето.

Во второто полуфинале драма и неизвесност имаше за „сите пари“. Кил после дополнителни десет минути го реши Веспрем. „Зебрите“, доминираа во првиот дел и поведоа со највисоки 17-10. Веспрем во второто полувреме се врати, успеа да поведе 28-24, но мечот на крајот заврши 29-29 и отиде во продолжение. Унгарците подобро отворија и се одлепија на плус два 34-32. Сепак, германската машинерија проработи кога беше најпотребно и со фуриозен финиш стигна до еден плус кој го одбранија во последниот напад.

Финалните натпревари се играат утре. Малото финале старува во 18 часот, додека натпреварот за златен медал на програмата е во 20:30 часот.

  • Резултати:

Барселона – ПСЖ 37-32

Кил – Веспрем 36-35

OhridNews