Манчестер Јунајтед имаше одлична прилика да избие на пол позиција во битката за ТОП 4 во однос на Челси и Лестер, но не ја искористи откако освои само бод на Олд Трафорд во дуелот со Саутемптон кој заврши (2-2). Гостинскиот состав бод извлече со погодок во 96-та минута преку Обафеми. Претходно, „црвените ѓаволи“ со головите на Рашфорд и Марсијал го анулираа водството на „светците“ кои поведоа со голот на Адамс.

Во финалните три рунди од Премиер лигата, Челси ќе влезе со 60 бодови а Лестер и Манчестер Јунајтед со 59 поени и една екипа од нив ќе треба да се помири со фактот дека нема да игра во ЛШ следната сезона.

OhridNews