На 20.05.2007 година во организација на Теквон-До и Кикбокс клубот “Hvarang Fist” од Охрид ке се одржи првиот oтворен меѓународен кикбокс турнир “ЛИХНИДОС 2007″. 

Целта е, како што најави организаторот, турнирот да биде традиционален и да се одржува секоја година.

Од “Hvarang Fist” информираат дека оваа година поради немање соодветен ринг, борилиште, ќе има натпревари само во семи-контакт.

Досега се пријавени гости од Грција, Србија и Бугарија,како и клубови од нашата држава.

Натпреварите започнуваат на 20 мај во 11 часот во спортската сала “Билјанини иззвори“.

Г.М.