Во организација на Теквон-До и Кикбокс клубот “Хваранг Фист” во Охрид денеска се одржува првиот отворен меѓународен кикбокс турнир “ЛИХНИДОС 2007”.
Целта е, како што најави организаторот, турнирот да стане традиционален и да се одржува секоја година.
Од “Хваранг Фист” информираат дека оваа година поради немање соодветен ринг, борилиште, ќе има натпревари само во семи-контакт.
На турнирот ќе учествуваат екипи од Грција, Србија и Бугарија, како и клубови од нашата држава. Натпреварите кои започнаа утрововаат се одвиваат во спортската сала “Билјанини иззвори“.