Викендов во организација на клубот за боречки вештини “Бушидо“ од Струга семинар одржа поранешниот К1 шампион Штефан Леко. На предавањата на кои учество зедоа триестеина кик-боксери од Македонија, Леко им пренесе дел од искуствата кои ги стекна во својата исклучително богата кариера.
– Ова е за прв пат во Македонија да дојде ѕвезда од овај калибар. Јас сум почестен што тој беше наш гостин овде во Струга. Тој не изненади со неговата енергија и сила, и ове беше нешто што го немаме доживеано. Во овие шест тренинга научивме многу скриени тајни на големите мајстори – рече Сотир Нестороски од “Бушидо“ .
Покрај тајните Леко на кик-боксерите им покажа како да се одржува рамнотежа, колку е важна координацијата, борбата на дистанца, лажни удари, како и начини како најдобро да се подготви натпреварувачот физички но и психички за борбите кои го очекуваат.
– Беше преинтересно, ова се врвни тренизни, и можам да речам дека Леко не не`форсираше 100 % , бидејки и не верувам дека би го издржале тоа. Ваквите тренизи се пракса во светот и ние доколку сакаме да ги следиме тие трендови повеќе од потребни ни се ваквите семинари. Една спаринг рунда со Штефан е исто како две аматерски борби, тоа е сила, техника, едноство немам зборови – рече Слободан Кајмакоски
Леко кој полека го напушта активниот дел од К1 спортот, смета дека единствено со континуриано вложување и инвестирање во семинари и предавачи може да се успее во овај атрактивен спорт.
– Супер беше овде во Струга, штета што е зима па не можев да уживам во времето, но ми се доапдна, луѓето одлично ме прифатија. Патот до успехот е тежок, Македонија не е во центарот на вниманието на овај спорт, но со организција на вакви семинари и помош од меѓународните инструктори може многу да се научи – потенцираше Штефан Леко кој најави повторно доаѓање во Македонија за време на летниот период.
Стружани посакуваат во летниот период да организираат камп на кој покрај Штефан Леко би зеле учество и други тренери и натпреварувачи од “Golden Glory” групацијата.
Во зависност од финасиите и можностите тој камп би бил и интернационален на кој учество покрај македонските би зеле и кик-боксери од нашето опркужување.
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Осумдесеттина ученици од Охридската гимназија „Св Климент Охридски“ во придружба на професори присуствуваа на хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда што се одигра синоќа на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.