Бидејќи го гледавме во бројни акциони хитови како „Брзина“ и „Матрикс“, се навикнавме Кијану Ривс да го гледаме во врвна форма. Затоа не чуди што неговата појава во Кан предизвикала шок бидејќи холивудскиот аводник се појавил со вишок килограми, далеку од имиџот на згодно момче. Актерот се појавил на ривиерата со долга коса и свежо избирчен, но и со видлив стомак.

Тој пристигнал на Азурниот брег како би го промовирал филмот за боречки вештини „Man of Tai Chi”, чиј е режисер и главен актер. Подоцна оваа година ќе го гледаме во филмот „47 Ronin” каде толкува лик на самурај од 18 век кој се према да ја освето смртта на учителот, а медиумите објавиле и дека ќе игра заедно со Рис Витерспун во новиот научнофантастичен филм „The Passengers”.