Американскиот актер Кифер Сатерленд ќе се врати на малите екрани во новата серија “Touch”, за момче кое ја предвидува иднината. Сатерленд постигнал голем успех како Џек Бауер од серијата „24“, за борбата против тероризмот. Таа серија прекина со снимање во мај минатата година по 192 епизоди снимени во осум сезони.


Сатерленд во новата серија ќе го игра ликот на поранешниот новинар Мртин Бом, кој настојува да му се приближи на својот нем син Џејк, кој, како што сваќа подоцна, има дарба да ја предвидува иднината. Кога Мартин ја открива генијалноста на Џек, се обраќа на експертот за надарени деца Артур Де Вито, кој го глуми Дени Гловер, познат по улогите во серијалот филмови „Смртоносно оружје“. Автор на серијата “Touch” е Тим Кринг, која е најпознат по серијата „Херои“.