Кифер Сатерленд и Жерард Депардје ќе играат во акционата комедија “Sleight of Hand”, која ќе ја режира Бред Мерман. Во филмот за група ситни криминалци кои доаѓаат до ретка златна монета која му припаѓа на еден злобен француски гангстер, ќе глумат и Томас Џејн, Џони Халидеј, Џон Ловиц и Ерик Кантона.
Снимањето на Филмот ќе започне во јули во Париз. Кифер Сатерленд е јунакот од серијата „24“, а покрај неа играл и во филмовите „Тројцата мускетари“, „Речиси совршено злосторство“ и многу други. Жерард Депардје е најпознат по улогите во филмовите „Живот во розево“, „Астерикс и Обеликс“, „Зелена карта“ и многу други.