Украински владини претставници денеска изјавија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон.

Градоначалникот на Бровари, лоциран североисточно од Киев, наведе дека руските сили заминале од околината на градот.

Украинските вооружени сили денеска ќе извршат одредени операции за чистење, изјави градоначалникот на Бровари, Игор Сапожко. Руските сили не го зазедоа Бровари и покрај тешките борби во соседните села.

Претходно, советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович на Телеграм објави дека украинските сили го ослободија градот Вишхород, што е лоциран северно од Киев

Според Арестович, украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села во јужниот регион Херсон. Додека Херсон, е единствениот голем украински град заземен од руските сили.

OhridNews