Состојбата со пожарите во неактивната зона на нуклеарната централа Чернобил е стабилизирана, соопшти денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

Од различни страни пристигнуваат информации дека пожарот наводно се шири на 10 хектари, рече Денисенко.

Тој додаде дека пред две недели навистина имало пожари, но дека се изгаснати и дека сега може да се каже дека нема големи пожари.

Ситуацијата со пожарите во Чернобил е стабилна и под контрола. Тој уште дополни дека нивото на радијација во Киев и во регионот е нормалн.

Претходно, украинското Министерство за заштита на животната средина и природни ресурси пријави пожари во шуми и напуштени села во близина на нуклеарната централа во Чернобил.

OhridNews