Љубителите на класичната музика вечерва во рамки на фестивалот Охридско лето во црквата „Света Софија“ ќе може да го проследат концертот на „Киев пијано дуо“ од Украина.
Ова дуо е составено од извонредните пијанисти Олександра Зајцева и Дмитро Таванец и досега има настапувано во повеќе земји во Европа. Нивните концерти секогаш се проследени со возбуда и воодушевување од слушателите.
Покрај редовните концертни настапи, ова дуо со години наназад учествува и на некои од најпрестижните натпревари во Европа, освојуваjќи голем број награди. Покрај изведувачката дејност, Олександра и Дмитро се јавуваат и како организатори и уметнички директори на интернационалниот фестивал „ Chamber Music Session“. Неодамна го издадоа и својот прв компактен диск, со дела за четирирачно пијано од австрискиот композитор Франц Шуберт.
Концертот започнува во 21 часот, а влезниците чинат 300 денари.
OhridNews