Најмалку две лица загинаа, а над три се повредени во руски ракетен напад што утрово нешто пред 6 часот погоди станбена зграда во Киев. Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, пренесува Киев Индепендент.
Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови. Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев.
Киев Индипендент пишува дека во моментов гори станбената зграда, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.
Украинската служба за итни случаи објави фотографии и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 5 часот. Киев Индипендент пишува дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот.
OhridNews