Полскиот ракометен гигант Киелце ќе биде следна клупска дестинација за Игор Карачиќ. Ракометарот на Вардар го официјализираше договорот со Киелце, а ќе им се придружи после завршување на тековната сезона.
Карачиќ со полјаците потпиша тригодишен договор, а се споменува дека ќе биде замена за неговиот соиграч од времето во Вардар, Лука Циндриќ кој е на прагот од заминување во Барселона.
Хрватскиот репрезентативец ја троши седмата сезона во дресот на Вардар, а во клубот се афирмираше во ултра квалитетен играч и стигна да ја освои титулата во Лигата на Шампиони.
OhridNews