Во екот на пандемијата со коронавирусот во Европа, Полската ракометна федерација одлучи да ја прекине сезоната и да го прогласи Киелце за нов национален шампион.

Киелце после 25 одиграни натпревари имаше три бодови предност во однос на второпласираниот на табелата, Висла Плок. До крајот од регуларниот шампионат остануваше уште рунда, а потоа следуваа мечевите од плејофот. Во женска конкуренција триумфираше тимот на Лублин.

Најважно е здравјето на сите учесници во ракометните натпреварувања. Нашите екипи не тренираат и не се знае кога ќе почнат. Одлуката не беше лесна, но беше исправната. Ќе бидеме посилни следната сезона. – изјави претседателот на федерацијата, Марек Јаницки.

Во нашата земја, Ракометната федерација на Македонија денеска го прекина првенството на неодредено време и си остави простор за донесување на конечна одлука.

OhridNews