Еден американец им се заканим на децата со нож и киднапирал едно тринаестгодишно дете бидејќи се мавале со снежни топки во близина на неговиот автомобил. Џошуа Гуд од Конектикат се нашол сред борба со снежни топки, се изнервирал и извадил нож заканувајќи им се на децата.
Потоа едно од децата го ставил во својот автомобил и го однел во својата куќа. Полицијата вели дека никој не бил повреден, но Гуд би можел да оди 25 години во затвор поради киднапирање, закана и доведување на деца во опасност.