Холивудските актери Никол Кидман и Николас Кејџ се прогласени за најдобри актери на светот, на доделувањето на Хуадинг наградите во Кина. Тие на оваа манифестација добиле награди во категориите најдобар глебален актер и најдобра глобална актерка на игран филм.
Според медиумите, оваа манифестација ја основала компанијата “Global Talents media”, и се одржува неколку пати годишно како би им се дало признание на луѓето од спортот и забавата. Меѓу останатите добитници на награди биле Квентин Тарантино за најдобар режисер, Аврил Лавињ за најдобра пејачка, како и Метју Пери за најдобат актер во телевизиска серија.