Во веста се наведува дека засега веста официјално ја потврдило само Министерството за правда. Другите органи најавија дека подоцна ќе информираат за случајот.
Неофицијално, Таневски се самоубил така што се удавил во кофата со вода што се наоѓала во неговата ќелија.
Телото на кичевскиот новинар се наоѓа на Одделението за судска медицина во тетовската болница.
Владо Таневски завчеравечер беше донесен во тетовскиот затвор, откако му беше одреден 30 дневен притвор под сомневање дека извршил повеќекратни убиства во Кичево.
извор: А1