Кичевски ракометен клуб „Гого“ триумфираше на ракометниот турнир „Охрид 2013“. Во финалето кичевчанки со 9-4 ја совладаа Стружанка и го освоија златниот медал.


Во „малото финале“ првата екипа на Металург во неизвесен натпревар славеше против домаќинот Боними со 7-6.


На ракометниот турнир „Охрид 2013“, кој го организираа ракометниот клуб „Моби Дик“ и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ настапија осум екипи од четири градови во две генерации.

Мх.П.