Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 14 во Охрид, 9 во Струга, 42 во Кичево и 1 во Дебар.

На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, во износ од 20 евра во денарска противвредност. Доколку иостите се платат во рок од 8 дена износот на казната се преполовува.

OhridNews