На 17 ноември се одржа еден од најпознатите саеми во Паерне Швајцарија, каде што се избираа мистер и мисица. Претседателка на жирито беше нашата убавица и топ модел, Ева.

Таа беше поканета од страна на “Suisse Franchophon” и на оваа манифестација, блесна како божица. Сите погледи беа вперени во неа.

Преубавата македонка на себе носеше преубав зелен фустан, а нејзиниот прекрасен врат го красеа скапоцени бисери.

Кон крајот на настанот, неа ја ,,нападнаа” огромен број обожаватели чекајќи го нејзиниот автограм, а некои од нив успеаа и да се фотографираат.

Ohridnews