Победник на регионалниот натпревар од областа на сообраќајот и сообраќајната култура, кој се оддржа  деновиве во Oхрид е екипата на Основното училиште “Д-р Владимир Полежиновски” од Кичево.

 Во конкуренција со своите врсници од општините Охрид и Струга, учениците од ова основно училиште покажаа најдобро знаење и се стекнаа со правото да го претставуваат овој регион на државниот натпревар, кој ќе се оддржи кон средината на месец јануари наредната година. Регионални натпревари во саботата се оддржаа уште во осум градови во државата, со што се опфатени скоро сите основни училишта во Република Македонија.

Организаторот на овој регионален квиз-натпревар, Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот од Охрид, на најуспешните им додели пригодни подароци, а на сите останати признание за нивното учество и покажаното високо знаење од сообраќајните правила и сообраќајната култура.

ohridnews