Синоќа во 23:11 часот во СВР Охрид било пријавено дека едно лице на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид околу 18,00 часот им пришол на две малолетнички, и преку разни гестикулации почнал полово да ги вознемирува.

По превземени мерки во врска со настанот лишено од слобода 22-годишно лице од Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти СВР Охрид.

Претходно истата вечер, во 20.54 часот, во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на булевар “Туристичка“ поврзано со првиот настан.

Се работи за физичка пресметка меѓу 42-годишен охриѓанец и 22-годишен кичевчанец. На тепачката и претходела вербална расправија околу настан во кој кичевчанецот ја вознемирувал малолетната ќерка на 42-годишниот охриѓанец. Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид.

OhridNews