Се бараат 3 200 бели глувци, мораат да бидат од женски пол и не потешки од 18 грама. Нарачател е тајната служба на Кремљ.

Се поставува прашање зошто луѓето од Кремљ, бивши шпиони и елитни војници кои го штитат претседателот Путин имаат потреба од толку многу бели глувчиња.

„Сите се прашуваат зошто. Но ако се порачани, тоа значи дека се навистина потребни“ изјавил неименуван службеник. Не сакал да шпекулира дали ќе послужат како храна на јастребите кои во Кремљ ги чуваат заради растерување на гавраните. „Има многу поважни работи за кои треба да се грижиме“ рекол тој.

Некои руски медиуми тврдат дека глувците би можеле да послужат за тестирање на отровни материи или заради предупредување на присуство на опасни гасови. Сепак, Кремљ не дава службено објаснување.

ohridnews