Кошаркарската федецерација на Северна Македонија (КФСМ) на денешната средбата со медиумите објави крај на соработката со селекторот на сенионарската селекција Јорданчо Давитков. На селекторот му истече договорот а КФСМ предводена од Перо Антиќ одлучи да не го продолжи.
На Давитков му заврши договорот со федерацијата, имавме средба на која потенциравме дека ја почитуваме неговата досегашна работа. Сега во игра се неколку имиња за наследник на Давитков. – изјави Антиќ.
Не за долго, сега веќе поранешниот селектор на Македонија, Давитков преку социјалните мрежи се огласи за одлуката на КФСМ.
Размислував дали воопшто вреди да се пишува нешто сега кога се огласија после 4 месеци, но бидејќи секогаш сум бил максимално отворен за јавноста морав да напишам неколку збора! Се сеќавам пред околу 3 години кога ми се јавија од кошаркаската федерација за селектор беше време на „СВИ ЈУНАЦИ НИКОМ ПОНИКОСЕ И У ЦРНИ ЗЕМЉУ ПОГЛЕДАШЕ“. И нормално јас како и секогаш без калкулации прифатив да помогнам и иако репрезентацијата скоро и да не постоеше почнав да ги собирам играчите и да градиме повторно атмосфера и да се обидеме да се вратиме каде што бевме. Беше тешко, недостасуваа за првата акција 7, 8 играчи од различни причини, но издржавме се, полека се комплетиравме и успеавме. Во тоа време разговарав и со Антиќ бидејќи уште беше играч да помогне колку може, неговиот одоговор беше „Јоцо што се замараш со „ОВИЕ“ (играчи) оди си во Дубаи на плажа и одморај“. И не помонга ни една секунда. За разлика од него јас продолжив да се занимавам со „ОВИЕ“ и од никаде чекор по чекор, собир по собир ја градевме атмосферата и стигнавме на чекор до Европското првенство. Стигнавме до првото место во девете претквалификации и поради тоа бевме во третиот шешир. Да се занимавав со „ОВИЕ“ кога никој не смееше и немаше м**а за тоа. И стигнував на собирите патувајќи и по 10 000 километри за неколку дена. Стигнував иако поради тоа раскинуваа договори, стигнував и кога по три ноќи по ред спиев во авион, но стигнував да го направа она за што се нафатив и иако многу мои пријатели на почетокот ми велеа дека сум луд што го правам тоа успеав од никаде да ја вратам атмосферата во репрезентацијата, да се комплетираме и да бидечем на чекор до ЕП. Затоа те молам не покажувај дека репрезентацијата и „ОВИЕ“ се битни за тебе и за федерацијата. Долго сум во кошарката повеќе од 40 години за да може тоа да се проголта. Јас секогаш на секоја работа приоѓам чесно и без калкулации и секого може да го погледнам во очи и продолжам со дигната глава, а тоа е НЕПРОЦЕНЛИВО особено кога се поздравуваат со тебе, а им е срам да те погледнат во очи. Се распишував многу и овде го кажав само овој сегмент, а има многу за пишување, но мора да оди и на плажа… На играчите им посакувам многу успех и да продолжат каде застанавме. А на раководството…. господ гледа се и враќа. – напиша Давитков.
Антиќ најави дека новиот селектор ќе биде Македонец со интернационално искуство, но прво ќе треба да се „испегла“ новонастаната ситуација со Давитков.
OhridNews