Медиумите и тренерите на прволигашките екипи во машка и женска
конкуренција ги избраа најдобрите во македонската кошарка за 2012
година.

Ветеранот Тодор Гечевски, кој го предводеше МЗТ до првата шампионска
титула во клупската историја е избран за најдобар кошаркар во домашното
првенство.

Најдобар македонски кошаркар во странство е Перо Антиќ, кој со Олимпијакос ја освои титулата европски првак. Тренер на годината е Александар Тодоров кој на МЗТ му ја донесе двојната круна.

Кошаркарката на кипарскиот АЕЛ Лимасол, Моника Гавриловска, е прогласена во женска конкуренција.

Кристијан Николов и Андреј Магдевски ја освоија наградата за најдобар
млад кошаркар, додека најдобра млада кошаркарка е Александра
Стојановска.

Најдобар тренер во женска конкуренција е Перо Стамески, во младинските
конкуренции тренери на годината се Бранко Андриевски и Александар
Домлевски. За најдобар судија е избран Александар Милојевиќ.

Наградите и признанијата ќе бидат врачени на свечената церемонија којашто ќе се одржи на 26-ти декември.

“Мафакс“