Според пишувањата на американските медиуми, холивудскиот доајен Кевин Спејси заработува дури 500 илјади долари за својата улога на препредениот конгресмен во политичкиот трилер под наслов “House of Cards”, по епизода. Заработката од половина милион долари ја вклучува и продуцентската накнада и учеството во профитот. Втората сезона, која почнала во февруари, има 13 епизоди, а Спејси заработил 6,4 милиони долари.
Оваа заработка го става во елитниот клуб ѕвезди кои заработуваат по 500 илјади долари по епизода. Марк Хармон за епизода во серијата “NCIS” заработува 525 илјади долари, актерите Џон Крајер и Ештон Качер за епизода во серијата „Два и пол мажи“ добиваат по 650 односно 750 илјади долари, додека ѕвездите на серијата “The Big Bang Theory”, Џим Персонд, Кејли Куоко и Џоми Галецки, по епизода заработуваат милион долари. Заработката на Кевин во оваа серија која е наградена со Еми наскоро би можела да биде зголемена токму на тој хонорар, неверојатни милион долари по епизода.