Оскаровецот Кевин Спејси ќе го игра Винстон Черчил во филм за издигнувањето на британскиот лидер за време на Втората светска војна, пренесуваат светските електронски медиуми.
Сценариото за филмот ќе го напише Бен Каплан, кој за тв каналот Хистори работел филм за претседателот Роналд Реган, а работел и на документарци за Втората светска војна и Виетнам. Засега не е познато кој ќе го режира филмот.