Кевин Костнер е вклучен во екипата со која Квентин Тарантино ќе снима вестерн за еден роб од југот на Америка кој се здружува со германски ловец на уценети глави во потрага за својата сопруга. Во филмот “Django Unchained” ќе играат уште и Леонардо ди Каприо, Џејми Фокс, Семјуел Ел Џексон и Кристоф Валц. Костнер ќе глуми садистички тренер на робови кој ги вежба за смртоносни борби за сметка на сопственикот на плантажата кој ќе го игра Ди Каприо.
Фокс е Џанго, роб кој трага за својата сопруга, а Валц германски ловец на уценети глави кој му помага на Џанго. Семјуел Ел Џексон е шеф на робовите кои работат за Ди Каприо и кој ужива во својот повластен статус во однос на другите робови. Костнер, кој претходно важеше за една од водечките холивудски звезди, покрај овој неодамна потпишал договор и за новиот филм за Суперемен во кој ќе го игра ликот на таткото на главниот јунак.