Кевин Костнер постигнал договор да во новиот филм за Супермен, во режија на Зак Снајдер, го игра таткото на главниот јунак. Костнер се приклучил на актерската екипа во која веќе се Хенри Кавил(Супемен) и Дајана Лејн, која ја игра Марта кент, жената која го посвоила Супермен.
Костнер ќе го игра Џонатан Кент, ликот кој го овековечил Глен Форд во филмот за Супермен од 1978 година во режија на Ричард Донер. Новиот филм за еден од најголемите стрип јунаци во кината треба да се појави 2012 година.